Иако го освоија среброто на Светското првенство во Данска, Норвешка и Хрватска, „коцкестите“ ракометари имаат спектакуларен пречек во Загреб.
Селекторот Дагур Сигурдсон не зборуваше многу пред присутните на плоштадот „Бан Јелачиќ“, но и неколку зборови беа доволни да се „запали“ атмосферата.
„Вие сте луди. Сите ве сакам“, кратко коментираше Сигурдсон.
Хрватите го освоија петтото сребро на Мундијалите, а имаат и едно злато и една бронза. Ова беше прв медал на СП по 12 години пауза.
Хрватска во финалето на Мундијалот беше поразена од Данска со 32-26.