🎥 Родител „избркан од сала“ поради навреди кон судија

На спортските терени најчесто проблеми прават навивачките групи, но на дуелите од младинските лиги навивачите ги нема, па проблемите ги прават родителите. Поради еден родител на трибините во Битола мечот од кадетската лига меѓу Еурофарм Пелистер и Пролет беше прекинат, а обезбедувањео мораше да го „замоли“ родителот да ја напушти салата.

Проблемот и малиот прекин се случи во 54 минута кога гостинските играчи во напад ќе направат пробивање, но тоа беше повод еден од родителите на гостинскиот тим да „збесне“ да трча по трибината, па и да плука кон судијата.

Многупати родителите правеле проблеми, притисоци од трибините, но судиите ретко се охрабруваат да побараат таквите навивачи – гледачи да бидат отстранети.

На видеото од натпреварот се гледа моментот кога родителот трча по трибината и плука кон судијата, по што следува мал прекин. Обезбедувањето ќе го „замоли“ воинствениот родител – гледач да ја напушти салата „Боро Чурлевски“ и секако да нема можност да види како тимот за кој очигледно игра негов роднина или познаник, ќе победи, 28-27.