🎥 Никуч и Фитиљ во центарот на вниманието на ЕХФ ТВ!

Откако се комплетираше 12 коло од Лигата на шампионите, медиа тимот на ЕХФ ги избра најдобрите одбрани и голови.

Според очекувањата, последната одбрана на Никола Митревски од мечот со Динамо Букурешт се најде во ТОП 5. Иако заслужи да биде и на првото место, сепак ЕХФ ја смести одбраната на Митревски на третото место.

Покрај одбраните, медиа тимот на ЕХФ ги избра и најубавите погодоци, а таму сосема заслужено се најде и „проектилот“ на Филип Кузмановски во вториот дел од мечот со Динамо Букурешт.

Најдобрите погодоци и најдобрите одбрани во 12 коло од Лигата на шампионите може да ги погледнете подолу…