По најдобрите одбрани и голови, медиа тимот на Европската ракометна федерација ги објави и најдобрите асистенции во Лигата на шампионите во групната фаза.
По Кузмановски, кој доби место во ТОП 10 голови, место меѓу најдобрите асистенти имаше и за Дејан Манасков од македонскиот првак Еурофарм Пелистер.
Тој му асистираше на десното крило Богдан Радивојевиќ, кој погоди со цепелин против данската Фредериција на мечот во Битола.
Погледнете ги најдобрите асистенции во групната фаза од најелитното европско клупско натпреварување…