Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер во натпревар од 12. коло од Лигата на шампионите оствари важна победа на свој терен против Динамо Букурешт, триумфираше со 25:24 и остана во игра за пласман во осминафиналето.
Најзаслужен за победата на домашниот тим беше голманот Никола Митревски, кој го одбрани последниот шут на Зеин за голема радост на домашните фанови. Капитенот Филип Кузмановски е горд на екипата.
„Горд сум на момците, одигравме одличен натпревар. Навивачите ни беа поддршка како секогаш. Кога играме дома секогаш посакуваме победа. Самодовербата е на високо ниво, функционираме како едно семејство, тоа го покажуваме на терен и на крајот на сезоната тоа ќе ни донесе успех“, вели Кузмановски.
Следен предизвик за Еурофарм Пелистер ќе биде гостувањето кај Фуксе Берлин, додека во последното коло францускиот ПСЖ доаѓа во Битола.
Целосната изјава на Кузмановски погледнете ја во видео прилогот…