🎥 Kaрачиќ го турна судијата по последниот свиреж – ќе добие казна од ИХФ!

Селекцијата на Данска успеа четврти пат по ред да го освои светското злато, откако славеше над Хрватска со 32-26 во Осло.

Во финалето немаше многу резултатска неизвесност, Данците од стартот ја покажаа својата сила и полека го ‘решаваа’ ривалот, а Игор Карачиќ по последниот свој натпревар во репрезентативниот дрес ќе биде казнет од ИХф.

По последниот судиски свиреж, Карачиќ беше покрај данската аут-линија и го турна еден од арбитрите.

Судии на финалниот меч беа Шпанците Гарсија и Љоренте, а хрватите сметаат дека во повеќе наврати беа оштетени од нив.

Иако потегот на некогашниот вардарец наиде на одобрување на хрватската јавност, сепак по пријавата од Шпанците, тој ќе добие казна…