🎥 Емотивно видео: Андреа Лекиќ објави КРАЈ на кариерата!

Капитенот на Србија и поранешна ракометарка на Вардар, Андреа Лекиќ, ја игра последната сезона во играчката кариера.

Tаа во моментов го носи дресот на унгарскиот Ференцварош и реши дека на лето ќе оди во пензија.

„Полека се приближува крајот на моите 26 години трачање за топката. Затоа и имам потреба да ја поделам веста со вас дека ова е мојата последна професионална сезона во кариерата“, изјави Лекиќ.

Нејзиниот ракометен пат почна ОРК Белград, продолжи во Раднички Белград и Кња Милош, па следуваа четири сезони во Крим, две во Ѓер и клубот каде мина најдолго време – Вардар, од 2013 до 2018 година.

Потоа играше за ЧСМ Букурешт, Будуќност и пак за Крим, а од 2022 година е членка на Ференцварош, каде ќе комплетира три сезони.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andrea Lekic (@lekicandrea)