🎥 Цела Германија зборува за некогашниот џин на Вардар - заслужи ли Кристопанс црвен картон? - 24 РАКОМЕТ

🎥 Цела Германија зборува за некогашниот џин на Вардар – заслужи ли Кристопанс црвен картон?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dyn Handball (@dynhandball)

Фленсбург оствари убедлива победа над Мелсунген со 40-30 во 29. коло од Бундес лигата, а во центарот на вниманието беше десниот бек Даинис Кристопанс. Поранешниот ракометар на Вардар, заработи директен црвен картон откако со рака удри противнички играч во пределот на главата. Судијата без двоумење ја донесе одлуката за исклучување, оценувајќи го прекршокот како опасен и недозволен. Кристопанс се обиде да се оправда, тврдејќи дека не го забележал противникот во моментот на дуелот, што се гледа од снимката, но тоа не влијаеше врз конечната одлука на арбитрите.