🎥 Битолчани во европската елита – еве го големото славје среде Букурешт

Ракометарите на младинскиот тим на Еурофарм Пелистер се пласираа на завршниот турнир во Лигата на шампионите.

По двата триумфи над полскиот Келце и домаќинот Динамо Букурешт, момците на Фарук Мемиќ и Кире Митревски ја обезбедија визата за Келн.

Битолското славје во Букурешт беше големо, а како и да не биде, кога се испиша уште една убава страница во историјата на македонскиот ракомет.

На трибините во Букурешт беа и повеќе симпатизери на битолскиот клуб, кои им дадоа голема поддршка на младите ракометари.

Ривал на Еурофарм Пелистер на завршниот турнир на 14 и 15 јуни во „Ланксес Арена“ ќе биде составот на Веспрем.