Некогашниот голман на Вардар, Страхиња Милиќ Џамбо, оваа сезона се врати на ракометните терени и брани за српски Партизан.
Тој мина шест години во „црвено-црниот“ тим, а освои и една титула во Лигата на шампионите. Милиќ во емисијата „Жешко Столче“ откри интересен детал – ја одбил Барселона за да остане во Вардар.
„Јас сум човек кој во животот се прави спонтано. Не ме интересира дали некој има име, не ме интересираат ниту титули. Луѓето ги гледам како луѓе и тоа не е фраза, туку е вистина. Не знам колку е познато и колку луѓето знаат, но ја одбив Барселона за да останам во Вардар, иако тие понудија многу повеќе, но сепак ми беше убаво во Скопје и бранев со срце. Сергеј Самсоненко беше заштитнички настроен кон мене и за да се одложам не сакав да заминам во Барселона и со тоа сакав да покажам благодарност. Можев да имам подобар однос со тренерот Раул Гонзалес. Мислам дека згрешив кога не го напуштив тимот по освојувањето на Лигата на шампиони. Затоа што сега можеби немаше да иде ваква ситуацијата. Но ако поправав грешки од минатото немаше да бидам тоа што сум сега“, откри Џамбо.
Милиќ откри и дека во еден момент имал опција да брани и за македонската репрезентација.
„Имам многу добри спомени од Скопје. Скопје и Македонија ги сакам многу, и многу се нервирав кога ќе ми кажеше некој дека таму сум странец. Не се доживував така, самото тоа што сакав да бранам за Македонија, говори за то. Одбив четири други репрезентации, по тоа што се случи во Србија. Сакав во еден момент да прифатам да бранам за Македонија, а таму имам многу пријатели“, вели Милиќ.
Српскиот голман освои пет титули во Суперлигата, пет титули во Купот на Македонија, како и четири во регионалната СЕХА лига.