Репрезентативците БиХ долго ќе се сеќаваат на гостувањето во Полва во Естонија бидејќи беа и малтретирани и без бодови. Естонија дојде до победа од 24:21 против БиХ, а ова беа многу важни бодови и за двата состави.
БиХ имаше одлично прво полувреме во кое постојано го диктираше темпото. Имаше водство, но немаше многу голови. На одмор се замина со 14:11 и се чинеше дека БиХ ја има под контрола оваа средба и дека седењето од два дена во хотелот ќе биде надминато.
Сепак, второто полувреме не беше така како што се очекуваше. Составот на Естонија брзо фати приклучок и имаше целосна контрола на играта во вториот дел од натпреварот. Сите обиди на БиХ да остане во предност не дадоа резултат. Место тоа репрезентацијта на Естонија го сврте мечот во своја полза.
Во финишот немаше шанса за составот на БиХ, па како се ближеше крајот така се губеше и здивот и Естонија успеа да ја исполни својата мисија бидејќи освои два бода од овој натпревар.
Каспар Лес и Карл Том постигнаа по осум гола, а тоа беше доволно за да можат да ги предводат колегите до успех на овој дуел. Во БиХ, Ален Овчина со пет гола беше најефикасниот.