Ракометарите на Јуниор Кисела Вода се задржаа во горниот дел од табелата во првата група од Првата машка лига, а тоа успеаја да го направат после новата победа од 34:25 обезбедена на дуелот против Македонија Ѓорче Петров.
Домашните славеа откако беа подобри во текот на целата средба. Уште во првиот дел направија предност од три гола и водеа со 18:15. Гостите имаа свои моменти само при отворањето на мечот, додека потоа паднаа во ритамот и не можеа повеќе да следат на овој дуел.
Инаку, после трите гола предност на крајот од првиот дел работите беа подобри за домашниот тим. Јуниор Кисела Вода почна да игра далеку подобро во продолжението и постојано да го зголемува водството. Највисоките 11 гола предност ги постигна во финишот, но не успеа да ги задржи, па на крајот мораше да се задоволи со девет гола разлика.
Со ова тимот остана на 3. место на табелата, но со доволно голема предност да може да се надева на плеј-оф.
ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА – МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 34:25 (18:15)
Сала: „Круме Кепески“ во Скопје. Гледачи: 100. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Сашо Младенов од Скопје.
ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА: Затараковски, Миленкоски, Кафтански, Витанов 10, Благопетров 2, Крстевски 2, Јордановски, Чапов, Трајковски 8, Јаховиќ 3, Крстов 1, Башевски 5, Тодоров 2, Атанасовски, Трајчевски 1.
Седмерци: 5/6, Исклучувања: 4 мин.
МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Трајчевски, Огњановски, Митревски 2, Стефановски 1, Ѓорѓевски 5, Костов, Добревски 2, Фичуровски 2, Марковски, Митрески 5, Ѓорѓевски 5, Спировски 3.
Седмерци: 2/5, Исклучувања: 6 мин.