Ѓорче Петров не издржа до крај, Гевгелија си замина со бодови

Ракометарките на Ѓорче Петров иако водеа во најголемиот дел од натпреварот против Гевгелија во 16. коло од Женската лига на домашен терен, сепак, гостинскиот тим во завршницата успеа да направи пресврт и да триумфира со 24:21.

Домашната екипа добро го почна натпреварот, поведе со 2:0, но гостинките брзо израмнија и беше 3:3. Ѓорче Петров повторно ја презема предноста и го контролираше резултатот во продолжение.

До полувремето ракометарките на Ѓорче Петров го задржаа водството и имаа минимални 11:10 на паузата. И во почетните минути од вториот дел успеваа да се одржат во позитива, а Гевгелија успеа да израмни после десетина минути во вториот дел на 16:16.

До крајот на дуелот продолжи борбата, а одлучувачка беше серијата на Гевгелија од 6:1 во финишот која беше доволна за пресврт и триумф. Најефикасна во составот на Гевгелија беше Михаела Митревска, а во екипата на Ѓорче Петров прв стрелец беше Ангела Цветановска со осум гола.

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080