Шпанци ќе му судат на Вардар против Монпелје

В среда од 20:45 часот во СЦ „Борис Трајковски“ тимот на Вардар го пречекува Монпелје во 4. коло од Групата А во Лигата на шампионите, а ова ќе биде еден од поинтересните дуели неделава.

За овој дуел се делегирани арбитри од Шпанија. На теренот ќе се најдат Андреу Марин и Игнасио Гарсија Серадиља.

Делегатот е од Италија, а станува збор за Марко Тоси Бранди.

После три одиграни средби тимот на Вардар е на второто  место со пет бода исто колку што има и Пик Сегед, а тоа се двете екипи кои досега се без пораз. Монпелје е на 5. позиција и има една победа, едно реми и пораз. Тимот на Монпелје победата ја обезбеди против составот на Кил во минатото коло.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА А

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ВЕСПРЕМ14120224
2ФУКСЕ БЕРЛИН1490518
3ПСЖ ХЕНДБОЛ1490518
4СПОРТИНГ1482418
5ДИНАМО БУКУРЕШТ1460812
6ВИСЛА ПЛОЦК1451811
7ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР143298
8ХК ФРЕДЕРИЦИЈА1411123