Шопов се заблагодари: Се надевам и јас ќе го победам мојот натпревар како што победивте вие (ФОТО)

Поранешниот репрезентативец на Македонија, Тони Шопов е во битка со многу лоша болест, а репрезентативците му дадоа голема поддршка за да издржи во големата борба.

Покрај тоа што РФМ донираше пред извесно време средства за потребното лекување, како и неколку екипи, ракометарите му подарија дрес со потписи од сите играчи кои беа дел од последниот собир.

Тој јавно им се заблагодари на својот Фејсбук профил и најави дека ќе продолжи со својата битка.

„Благодарам Кире, благодарам Ице, благодарам господа репрезентативци, благодарам РФМ, благодарам г-не Мукаетов. Ви благодарам за подарокот, за помошта и поддршката и се надевам дека и јас ќе го победам мојот натпревар како што победувате и вие“, стои во делот од заблагодарувањето на Шопов до репрезентативците.