Еден од најдобрите руски ракометари во моментов Александар Шкуринскиј, по три сезони во Брест Мешков од лето ќе има нов предизвик во кариерата.
Тој се сели во француски Нант, со кој потпиша договор на две сезони и ќе биде замената за Оливие Њокас, кој доаѓа во Металург.
Шкуринскиј во интервју за рускиот портал „Брз Центар“, откри дека и Вардар се интересирал за неговите услуги, иако немало конкретна понуда.
„Спортски директор во Вардар пред три години беше Едуард Кокшаров и тогаш Вардар се интересираше за мене, но немаше конкретна понуда. Само разговор – сакаш ли да дојдеш? Но во тоа време почнаа финансиските проблеми на Вардар, па таа варијанта не ја ни разгледував“, вели Шкуринсиј.
Тој го пропушти пролетниот дел од сезоната поради тоа што скина лигаменти, а веројатно ќе се врати на терените во ноември.