Новиот ракометар во редовите на Вардар, Васко Шеваљевиќ во дебито за „црвено-црните“ успеа да си најде свое место во Топ 5 голови во Лигата на шампионите.
Левиот бек на вардарци вчера против Порто реализираше четирипати, а еден од тие погодоци беше особено убав кога силниот шут заврши во аголот.
Шеваљевиќ ја „собра пајажината“ и си обезбеди и место во Топ 5 погодоците од натпреварите одиграни вчера во Лигата на шампионите.
Во какво друштво се најде Шеваљевиќ можете да погледнете во видеото на следниот ЛИНК.