Тимот на Шампион ја совлада Деспина од Прилеп со 29-25, во натпревар од третото коло на плеј-аутот од Женската лига.
Домаќинките водеа со 6-2 и 9-5, но прилепчанки направија голем пресврт и со серија од шест погодоци поведоа со 11-9.
Сепак до крајот на полувреме Шампион се врати во игра и израмни на 13-13. Во вториот дел се играше најчесто гол за гол до 24-24, но во последните пет минути домаќинките комплетно ја надиграа Деспина со серија погодоции за триумф 29-25.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Сара Трајков со осум и Анастасија Митова со седум погодоци.
Во составот на Деспина се истакнаа Адела Еленин со шест, како и Весна Христоска и Михаела Петреска со по пет гола.