На крајот на оваа сезона десното крило Иван Чупиќ ќе го заврши петгодишниот престој во Вардар и во Скопје.
Иако хрватскиот првак се уште го нема потврдено трансферот на Чупко, сепак познато е дека тој потпиша договор на три сезони.
„Не би сакал да зборувам за трансферот во Загреб, мислам дека наскоро ќе биде официјализиран, па тогаш ќе може да кажам нешто. Сега сакам да се концентрирам на настапите за Вардар. Зборував со тренерот Алушовски, се обиде да ми го презентира распоредот за февруари, дојде до 15 и му реков – доста е, не можам толку многу да запаметам. Беше мечот со Нексе, сега одиме во Порто, Фленсбург…велам, не можам да запаметам се бидејќи имаме многу натпревари. Важен ми е само првиот следен натпревар“, вели Чупиќ за „Спортске Новости“.
Хрватот има само уште една желба која сака да му се исполни во Скопје.
„Посакувам да се вратат навивачите на трибини и кога ќе дојде крајот да можам да ги поздравам и да им се заблагодарам за незаборавните пет сезони од мојата кариера. Ми фали тој здив од трибините кој нас не носи. Навивачите на Вардар се мојата најдрага публика и ќе ми биде жал ако немам уште една прилика да им се заблагодарам за се“, заврши Чупиќ.