Ракометарите на Загреб ја одбранија шампионската титула во националниот шампион и не дозволија Нексе да ја прекине нивната доминација на домашна сцена.
Загреб во третиот натпревар во разигрувањето за титулата против Нексе славеше со 28:27 и со 3:1 ја доби финалната серија.
Предводник во победничката екипа беше екс ракометарот на Вардар, Иван Чупиќ. Десното крило беше стрелец на седум погодоци, додека петпати во листата на стрелци се запиша Звонимир Срна.
Кај Нексе убедливо најефикасен беше екс репрезентативецот на Црна Гора, Фахрудин Мелиќ, со десет погодоци.
Екипата на Загреб ги има освоено сите титули во најсилната домашна лига, со исклучок на 2020 година, кога поради ковид пандемијата беа прекинати шампионатите.