Чкембари и Комити најавија „инвазија“ на Струга за финалето

Екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер вторпат во само неколку дена ќе имаат одмерување на силите за пехар, а овој пат тоа ќе биде во финалето на 49. издание на Струшкиот турнир каде што ќе се најдат во финалето од 21:15 часот.

Во средата Еурофарм Пелистер победи во рамки на Супер купот на Македонија со 31:22, но ова денеска ќе биде сосема поинаква средба на која е најавено присуство и на навивачи од двете екипи.

Чкембари и Комити најавија пристигнување во Струга за да го следат овој натпревар и да им дадат несебична поддршка на своите миленици. Со оглед на малиот капацитет и нема да има многу место за следење на натпреварот од финалето така што ќе биде интересно.

Денеска на програмата се три дуели од завршниот ден кога ќе биде познат и конечниот пласман на 49. издание на Струшкиот турнир.

СТРУШКИ ТУРНИР 2021

НЕДЕЛА, 15 АВГУСТ

ЗАВРШНИ НАТПРЕВАРИ

ФИНАЛЕ (21:15ч)

ВАРДАР – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

НАТПРЕВАР ЗА 3. МЕСТО (19:15ч)

БУТЕЛ СКОПЈЕ – ТИКВЕШ

НАТПРЕВАР ЗА 5. МЕСТО (17:15ч)

СТРУГА – МЕТАЛУРГ