Капитенот на Еурофарм Пелистер, Градимир Чаневски, по пет сезони ќе си замине од Еурофарм Пелистер.
Тој вчера го одигра последниот натпревар за битолскиот тим и наскоро ќе биде објавено каде ќе ја продолжи кариерата.
„Благодарен сум на клубот за шансата овие пет години да бидам тука. Мислам дека обострано беше задоволството – мислам дека и јас возвратив, како што тие што многу ми пружија. Сакам да се заблагодарам на публиката, ни недостигаше оваа година. Немам зборови и многу сум задоволен од прикажаното. Дадов сè од себе да се покажеме во најдобро светло. Амбициите на клубот растат. Имаше турболентни периоди во овие години. Во еден период бевме втор клуб во Битола, се изборивме да бидеме заедно и веќе овој проект е многу сериозен. Му посакувам многу успеси на Еурофарм Пелистер во иднина“, смета голманот на Еурофарм Пелистер”, изјави Чаневски.
Во Еурофарм Пелистер следната сезона ќе бранат Марко Кизиќ и Карим Хендави.