Чаир се врати на победите, славеше убедливо над Ѓорче Петров

Во рамките од 19.коло од Женската лига, Чаир имаше лесна задача против Ѓорче Петров и оствари убедлива победа со резултат 37:25.

Екипата на Чаир имаше фуриозен старт. Со головите на Филипоска, Николовска и Мартиновска, Чаир имаше водство од 5:0 по десет минути игра. Гостинките од Ѓорче Петров првиот гол го постигнаа дури во 15. минута, но нивната лоша игра продолжи и во наредниот период. Домаќинките веќе по 30. минути игра имаа убедлива предност од 14:8.

Во вториот дел, Чаир рутински ја зголемуваше својата предност. Во игра беа и ракометарките кои имаат помала минутажа. Разликата растеше од минута во минута, а конечниот исход беше плус 12 разлика за Чаир.

Најефикасни во составот на Чаир со по седум гола беа Марија Николовска и Мила Алексоска. Во Ѓорче Петров, Ангела Цветановска беше најефикасна со шест гола.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080