Цвијиќ збесна: Им забранивте да живеат, да дишат, да се дружат…но инаетот нема да им го земете!

Една од ракометарките многу фали во српската репрезентација на Европското првенство во Данска и Драгана Цвијиќ.

Таа поради повреда мораше да го откаже настапот на континенталниот собир во скандинавската земја, но се израдува многу на пресврт победата против светскиот шампион Холандија.

Цвијиќ се огласи на социјалните мрежи и упати низа критики кон организаторот поради строгите протоколи, како и за третманот кон нејзините колешки.

„Отидоа на првенството ден пред почетокот поради нечија грешка! Беа во карантин три дена, не смееја да излезат од собите, без тренинзи, тактики, терапии…излегоа на терен и го победија светскиот првак. Поради сето ова наведено се повреди Андреа Лекиќ, се прашувам поради чија вина, ќе одговора ли некој за тоа што им го правите со денови!? Им забранивте да живеат, да дишат, да се дружат, но не им забранивте да се борат! Тоа никој никогаш нема да ни го одземе, затоа што сме родени со тоа, тоа не се учи, се раѓаш со ваков инает и карактер. За мене сте златни, најдобри на светот. Србијо биди горда на овие девојки. Ви благодарам“, напиша Цвијиќ.

Србија денеска за помалку од 18 часа по триумфот над Холандија ќе игра против селекцијата на Унгарија, која неочекувано загуби од Хрватска во првиот натпревар.