Репрезентацијата на Холандија е победник на ЕХФ шампионатот кој се играше во Скопје во минатите девет дена откако во финалето дојде до победа против Полска со 26:23. На вториот турнир кој се одржа во Италија, пак, домаќинот успеа да се избори за триумф после победата на финалниот натпревар од 27:25 против Литванија.
Холандија ја оправда фаворитската улога и без многу проблеми славеше против Полска. После првите 30 минути Холанѓанките веќе беа блиску до победата кога водеа со 16:9. Во вториот дел само го потврдија триумфот, а сè што успеа да направи Полска беше ублажување на поразот. Во борбата за третото место, Белорусија беше поуспешна од Фарските острови и триумфираше со 27:25. После првото полувреме резултатот беше 13:10.
Репрезентацијата на Италија стигна до победата против Литванија од 27:25 иако на полувреме имаше негатива од еден гол, 10:11. Во продолжението Италијанките имаа многу подобро издание и остварија победа. На турнирот во Италија, Србија го освои третото место откако ја совлада Шпанија со 23:22.
Во натпреварите за пласман од 5. до 8. место, Македонија загуби на пенали од Исланд со 30:32 после нерешениот резултат после регуларниот дел од 28:28. Во дуелот за 7. место Финска го совлада Косово со 39:26. Во Италија имаше соседски дуел за 5. позиција, а Турција беше подобра од Бугарија со 36:28.
ЕХФ ШАМПИОНАТ – МАКЕДОНИЈА
ФИНАЛЕ
ХОЛАНДИЈА – ПОЛСКА 36:23 (16:9)
ЗА 3. МЕСТО
БЕЛОРУСИЈА – ФАРСКИ ОСТРОВИ 27:25 (13:10)
ЗА 5. МЕСТО
МАКЕДОНИЈА – ИСЛАНД 28:28 (2:4 НА ПЕНАЛИ)
ЗА 7. МЕСТО
ФИНСКА – КОСОВО 39:26 (19:7)
ЕХФ ШАМПИОНАТ – ИТАЛИЈА
ФИНАЛЕ
ИТАЛИЈА – ЛИТВАНИЈА 27:25 (11:10)
ЗА 3. МЕСТО
СРБИЈА – ШПАНИЈА 23:22 (13:11)
ЗА 5. МЕСТО
ТУРЦИЈА – БУГАРИЈА 36:28 (19:13)