Хановер останува без Ромеро, Шпанецот ќе води второлигашки клуб

Бундеслигашот Хановер ќе треба да бара нов асистент за следната сезона  откако прославениот ракометар, Икер Ромеро ќе ја напушти функцијата асистент на главниот тренер, Карлос Ортега.

Шпанецот со Хановер има договор до крајот на јуни, а од раководството на клубот не се одлучија за продолжување на соработката за следната сезона.

Ромеро во Хановер како асистент пристигна во 2017 година по прекинот на неговата играчка кариера.

Kлубот во кој настапува и репрезентативецот на Македонија, Филип Кузмановски,  се наоѓа на 12. позиција на табелата со биланс од пет победи, шест порази и четири нерешени натпревари.