Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја изврши ждрепката за завршницата од Лигата на шампионите во женска конкуренција.
На Ф4 турнирот во Будимпешта ќе играат екипите на Вајперс Кристијансад, Ѓер, Ференцварош и Есбјерг.
Актуелниот бранител на титулата Вајперс Кристијансад за ривал во полуфиналето го доби Ѓер.
Овие две екипи во ланското издание од елитното европско натпреварување играа во финалето.
Тимот на Ференцварош, во кој натсапуваат двете екс ракометарки на Вардар, Андреа Лекиќ и Драгана Цвијиќ, за финале ќе се бори против незгодниот Есбјерг.
Двата полуфинални натпревари се играат на 3 јуни, од 15:15 и 18:00 часот, додека финалето и дуелот за бронзениот медал се закажани еден ден подоцна, односно на 4-ти јуни.