Екипата на Бидасоа Ирун која утре гостува во Битола во последното 10. коло од групата Ц од Лигата на шампионите, веќе почна да го креира тимот за следната сезона, а првото огромно засилување доаѓа од екипата на Келце. Се работи за искусен пивот кој е репрезентативец на Шпанија, а Хулен Агинагалде со своето искуство ќе биде огромен плус за тимот кој годинава игра одлично во Лигата на шампионите.
Агинагалде е веќе меѓу ветераните, па веќе не се гледа во тимот на Келце. Покрај тоа веројатно смета дека е време да се врати назад во земјата и полека да се насочи кон завршување на кариерата. Бидасоа Ирун со амбициите одговара за него така што ќе биде одлично за него за финишот од кариерата.
Инаку, Агинагалде во својата кариера досега има играно за Бидасоа во периодот од 1999 до 2006 година и тоа беше прв негов клуб во професионалната кариера. Играше и за Адемар Леон, Сиудар Реал и Атлетико Мадрид пред во 2013 година да се пресели во Келце. На 8 декември полни 36 години.