Тренираа на Арена за 55.000 гледачи, но трибините беа празни (ФОТО)

Ракометарките на ЧСМ Букурешт ги почнаа подготовките за новата сезона, а поради коронавирусот мораа првите тренинзи да ги одработат на отворено. Тие тренира на најголемиот стадион во Романија.

Станува збор за Националната арена во Букурешт која има капацитет од 55.000 места. Сепак, немаше можност да се тренира пред публика и се работеше пред празни трибини.

Несекојдневна можност за ракометарките бидејќи тешко во друга ситуација да имаат слична можност.