Во текот на летото стана јасно дека Србија ќе има само еден претставник во машките европски купови, а од денеска нашите северни соседи останаа и без тој.
Тимот на Железничар Ниш, кој се пријави за учество во ЕХФ Купот, се откажа од настап во Европа, па нивниот ривал – турскиот Тото Спор оди во третото коло со две службени победи.
Причините сигурно се поврзани со коронавирусот, но не се официјално обелоденети.
Тоа значи дека оваа сезона Србија ќе остане без ниту еден машки тим во Европа, а местото на ранкингот што го имаат за сезонава (29 место), сигурно нема да гго задржат во иднина.
По ваквиот расплет, ракометните вљубеници во нашиот северен сосед не треба да се чудат зошто држави од типот на Израел, Финска, Турција, Луксембург, Косово…ќе бидат пред нив на клупскиот рејтинг.
Покрај нив во следното коло на ЕХФ Купот со службени победи одат и естонскиот Полва Сервити и косовскиот тим Приштина, откако нивните ривали – норвешкиот Колстад и бугарската Добруџа се откажаа од настап.
Екипите што останаа во натпреварувањето, првите натпревари од второто коло ќе ги играат на 14/15 ноември и 21/22 ноември.
Отказите станаа навика – дури 14 екипи со службени победи во следната рунда на ЛЕ и ЕХФ Купот!