Тимот на Сјундеа ИФ, каде што играат двајца македонски интернационалци ги започна обврските за вториот дел од сезоната.
Игор Трајковски и Филип Чурлевски настапија за СИФ, кој беше поразен на гостувањето кај силниот Кокс со 37-24.
Кружниот напаѓач Трајковски беше најдобар стрелец со шест погодоци, додека Чурлевски беше стрелец на два гола.
Викендов ќе има македонска пресметка во финскиот шампионат, СИФ ќе игра со тимот на БК-46 каде што настапува Стефан Трпчевски.