Романската амбициозна екипа Глорија Бистрица ги продолжи договорите со десните крила. Соња Серафичеану, која играше на ЕП во Македонија и Србинката Жељка Николиќ ставија потпис на новите договори до 2024 година.
Швајцарскиот Кадетен Шафхаузен и полската Висла Плоцк ги заменија голманите. Кристијан Пилиповиќ поради семејни причини по само половина сезона се враќа назад во Швајцарија и се договори за соработка на две и пол сезони. Во спротивна насока оди Шпанецот Игнасио Биоска, кој ќе брани во Висла до крајот на сезоната.
Соиграчот на Филип Кузмановски, Максимилијан Гербл, потпиша нов договор со бундеслигашот Хановер. Швајцарскиот репрезентативец ќе настапува во овој тим до 2025 година.
Средните бекови Карина Сабирова и Наталија Чигиринова ги продолжија договорите со ЦСКА Москва на уште една сезона. Сабирова игра втора сезона во овој клуб, додека Чигиринова е дела од московскиот тим веќе три сезони.