- Германскиот Кил ги продолжи договорите со норвешниот десен бек Харалд Рајнкинд до 2027 година и со шведскиот лев бек Ерик Јохансон дури до 2028 година. Норвежанецот дојде во „зебрите“ во 2018 година, додека Швеѓанецот е член на Кил од минатото лето.
- Турскиот Коњалти каде што играат две Mакедонки, Моника Јанеска и Ивана Гакидова донесе три засилувања пред стартот на новата сезона – бразилскиот лев бек Самара Да Силва Виера од Кастамону, рускиот пивот Валерија Бараник од Јаликавак, како и на левото крило Бејза Туркоглу од Есбјерг.
- Романската Дунареа Браила ги продолжи договорите со средниот бек Кристина Лишчевиќ и десниот бек Миреја Гонзалес, а претходно и со германската репрезентативка Мајке Шмелцер. Остануваат и Шербан, Балог, Удришоту, Кинтино, Араухо, Гомес Да Роша, Венансио и Коновал.
- Шампионот со селекцијата на Шпанија од 2005 година, Рубен Гарабаха, кој сега гради успешна тренерска кариера во Синфин, го продолжи договорот со тимот од Сантандер за уште една сезона. До преминот во Синфин, Гарабаха му беше помошник на Роберто Гарсија Парондо во селекцијата на Египет.
- Кружниот напаѓач Роман Царапкин по седум години се враќа во татковината. Досегашниот член на словачкиот тим Татран Прешов, потпиша договор со рускиот шампион ЦСКА Москва. Претходно Царапкин беше дел од составот на Чеховски Медведи.




