- 28-годишниот Жефри Мтима, кој своевремено четири сезони беше дел од ПСЖ, од следната сезона ќе игра за третолигашот Сен Сир. Левото крило претходно беше дел од Данкерк и од Вернон.
- Десниот бек на Горњик Забже, Игнаси Бак, ќе го има првиот интернационален предизвик, откако реши да ја прифати понудата на финскиот тим Рихимаки Кокс.
- Откако го донесе Ален Блажевиќ од ПИК Сегед, романската Констанца го ангажираше и средниот бек на Бешикташ, Онур Ерсин.
- Левото крило на шпанскиот Синфин Сантандер, Карлос Ластра, го продолжи договорот на уште една сезона и ќе продолжи да настапаува заедно со Дарко Димитриевски.
- Најдоброто лево крило од младинското Светско првенство во 2018 година, Зое Спренгерс, го напушти холандскиот ВОС Амстердам и од следната сезона ќе настапува за германскиот Баер Леверкузен.





ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Порано беше дел од ПСЖ – сега ќе игра во Трета лига, Констанца на шопинг во Бешикташ
Од:Фото: Aрхива