- Голманот на словенечката репрезентација и на Хановер, Урбан Лесјак, го продолжи договорот со бундеслигашот и за следната сезона.
- Тимот на Вецлар го продолжи договорот за уште три години со голманот Тил Климке, а него друштво ќе му прави младиот босански интернационалец Анадин Сулјаковиќ, додека Тибор Иванишевиќ се сели во Гумерсбах.
- Некогашниот член на Металург и репрезентативец на Црна Гора, Владан Липовина, нема да ја промени средината. Тој останува во Бундес лигата и ќе го носи дресот на Балинген во следните две сезони.
- Чешката репрезентативка Маркета Јерабкова заминува од германскиот Турингер по само една сезона и потпиша договор на две години со норвешкиот првак Вајперс Кристијансанд, каде веќе игра Јана Кнедликова, нејзината колешка од националниот тим.
- Хрватскиот репрезентативец и член на Целје, Јосип Шарац, кој беше на радарот на Вардар, сепак ќе игра во Бундес лигата од следната сезона во тимот на Гепинген.
- Десното крило на Металопластика од Шабац и на српската репрезентација, Вукашин Воркапиќ од следната сезона ќе го има првиот интернационален предизвик и ќе настапува за францускиот Иври.

ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Беше на радарот на Вардар – но оди во Гепинген, екс член на Металург останува во Балинген
[insert page='euro2020-tekst' display='content' public]
[insert page='proba-2' display='content' public]
[insert page='24video-tekst' display='content' public]
[insert page='foto-tekst' display='content' public]








