Еден од најдобрите унгарски плејмејкери, Габор Часар, во новата сезона ќе има нов предизвик во кариерата која се ближи кон крајот.
Тој ја игра петтата сезона во швајцарскиот шампион Кадетен Шафхаузен, а од лето се сели во големиот ривал Амичитија Цирих, каде што игра македонскиот репрезентативец Мартин Поповски.
Тимот од Цирих е последен на табелата во швајцарскиот шампионат и затоа е малку нејасно зошто Часар се реши од шампионот да се пресели во овој тим.
Унгарецот со голем успех настапуваше за составите на Шамбери и ПСЖ, а беше член и на Веспрем. Претходно има играно за Дунафер, Виборг и Кантабрија.