Голманот на репрезентација на Македонија и на тимот на Лудвигсхафен, Мартин Томовски имаше забележителен настап на гостувањето на Штутгарт на Жарко Пешевски.
Покрај тоа што од ова гостување си замина со своите колеги со победа и со осум одбрани доколку успееше во намерата да дојде до голот на противникот можеше да дојде и до погодок.
Во 34. минута на од средбата при водство од 14:8 тој го напушти голманскиот простор и се најде на противничката половина за да спаси една топка која можеше да дојде до противничките ракометари. Притоа одлучи да тргне кон голот на противникот, но беше спречен во намерата да постигна гол.