Томовски: Со нашата публика можеме до успех и против Алборг

Голманот на Вардар, Мартин Томовски има одличен почеток нa сезоната и со секој нов натпревар покажува напредок во формата и докажува дека е вистинско засилување за голманската позиција во Вардар.

Томовски имаше добра партија и против Еурофарм Пелистер, а после натпреварот покрај тој дуел го искажа своето мислење и за двобојот против Алборг кој следува в среда од 18:45 часот.

„Одиме чекор по чекор, фокусирани сме за дуелот против Алборг. Мораме да се подготвиме најдобро што може за овој дуел. Ќе се обидеме да дојдеме до добар резултат. Имаме две победи во серија. Би сакале да ја продолжиме. Имаме одлична атмосфера. Публиката е тука со нас и ни дава поддршка“, изјави Томовски.

Комплетната изјава во која има коментари за вчерашниот дуел односно дербито против Еурофарм Пелистер и средбата против Алборг можете да ја погледнете и слушнете во видеото во продолжение.