Тасевски со чиста „десетка“, кумановци го надиграа Вардар Неготино

По поразот од Куманово и триумфот над Металург РА, ракометарите на Куманово стигнаа до уште една победа во прволигашкиот плеј-оф.

Иако гостите можеби беа мали фаворити пред овој двобој, сепак кумановци покажаа дека на нив сериозно треба да се смета и го совладаа Вардар Неготино со 29-22.

Неготинци го имаа почетното водство со 0-1, потоа се играше најчесто гол за гол до 12-12, а кумановци со серија од три гола стигнаа до 15-12. На пауза се замина со 15-13, откако погоди Ристовски.

Цветковски, Спасиќ и Тасевски реализираа на стартот на второто полувреме за 18-13 и веќе немаше назад за Вардар Неготино. Се обидуваа гостите да сторат нешто повеќе, но не можеа против разиграните домаќини. На крајот дури и загубија убедливо со седум голови разлика, 29-22.

Најдобри стрелци кај победникот беа Тасевски со десет гола и Денковски со пет, додека кај Вардар Неготино единствено расположени беа Кузманов кој постигна осум и Ристовски кој реализираше четири пати.