Суперлигашкиот плеј-оф стана реалност за стружани (ФОТОГАЛЕРИЈА)

КЛ7 – Струга

Со победата од 28:23 тимот на Струга дојде до победа на гостувањето во Скопје кај КЛ 7 и на тој начин сега е на чеко од плеј-офот во Супер машката лига. На овој натпревар, Струга доминираше од првата минута и до крајот беше во предност која беше пет погодоци. Јовановски бранеше одлично и имаше 15 интервенции и заедно со Рајатовски (8 гола), Лакичевиќ (6) и Илиевски (6) беше еден од клучните за победата. Кај домашните најефикасен беше стружанецот Ѓорговски со шест гола.

Стружани дојдоа до големи три бода на гостувањето во Скопје кај КЛ 7 победувајќи со 28:23. Оваа победа веројатно ќе биде сосема доволна за да може тимот да се најде во плеј-офот бидејќи според актуелната ситуација ќе треба само да се издржи до крај на овој дел од сезоната и да се зачува 3. место. КЛ 7 денеска не можеше да фати приклучок откако некаде во финишот од првото полувреме негативата стана голема. На тој начин Струга со важна победа најави плеј-оф, а тоа значи и директен опстанок за следната сезона.