Суперлигашите пак на терен, но се игра само во Струга и во Скопје

Еден натпревар од 6. коло во Групата А од Супер машката лига е одложен, а два ќе бидат на програмата според предвиденото и денеска ќе се игра во Струга и во Скопје.

Одложена е средбата меѓу Астраион и КЛ 7 поради домашниот состав каде има повеќемина ракометари кои се позитивни на Ковид 19. Овој дуел ќе се игра в недела од 20 часот, па оттаму денеска ќе се играат само два дуели.

Во Струга гостува составот на Радовиш и ова треб да биде интересен дуел. Се работи за двобој на кој доколку гостите бидат комплетни може да има големо надигрување. Останува неизвесно како ќе изгледа тимот на радовишани, па од тоа ќе зависи и епилогот.

Сепак, домашниот терен тука може да биде од големо значење и да донесе убава предност за составот на Струга.

Охрид ќе гостува во Скопје, кај екипата на Јуниор Кисела вода и доаѓа на овој дуел како голем фаворит за победа. Домашните ќе мораат на максимум доколку сакаат нешто повеќе на овој дуел. Сепак, јасно е дека составот на Охрид е фаворит денеска на оваа пресметка.

СУПЕР МАШКА ЛИГА, ГРУПА А

ДВОЈКИ ЗА 6. КОЛО

СРЕДА, 28 ОКТОМВРИ

18:30ч

СТРУГА – РАДОВИШ

Сала: „Нико Нестор“ во Струга. Судии: Дејан и Димитар Георгиевски од Скопје. Делегат: Душко Камишевски од Скопје.

19:00ч

ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА – ОХРИД

Сала: ОУ „Круме Кепески“ во Скопје. Судии: Виктор Начевски од Скопје и Даниело Божиновски од Битола. Делегат: Ацо Николовски од Скопје.

НЕДЕЛА, 1 НОЕМВРИ

20:00ч

АСТРАИОН – КЛ 7

Сала: „Парк“ во Струмица. Судии: Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески од Прилеп. Делегат: Васил Чавдаров од Богданци.

ПРОЛЕТ е слободен

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР22200260
2ВАРДАР 196122200260
3АЛКАЛОИД22200260
4ОХРИД22142644
5ТИКВЕШ 201422113836
6БУТЕЛ221201036
7ПРИЛЕП22731224
8ПРОЛЕТ22651123