Ракометарите на Металург го освоија петото место на 49. издание на Струшкиот турнир откако во натпреварот за пласман беа подобри од домаќинот Струга со 29:23.
Металург подобро го отвори натпреварот и поведе 2:0 и 4:2, но Струга брзо успеа да израмни. Во продлжение екипите го менуваа воството, а предноста беше само минимална на двете страни.
Во финишот на полувремето Металруг повторно ја врати предноста од два гола, беше 10:8 а серијата продолжи и за првпат имаа највисоки четири позитива. До паузата Струга ја намали негативата и замина со минус три на одмор 12:15.
Стружани добро го отворија втриот дел и со два гола веднаш се вратија во игра. Сепак Металург не дозволи противникот да направи пресврт и уште еднаш се одалечи на сигурна предност.
До крај на натпреварот попушти отпорот на Струга, а Металург го искористи тоа да стигне до сигурна победа. Во финишот ракометарите на Иван Марковски влегоа со предност од 25:19 што беше доволно за сигурен триумф и освојување на 5. место на струшкиот турнир.