Тимот на Цвикау, каде што настапува македонската интернационалка Симона Стојковска, забележа нова победа во Втората Бундес лига.
Стојковска беше меѓу најдобрите на терен и постигна четири погодоци, а заработи и жолт картон и едно исклучување.
Цвикау сега има три победи во четири натпревари и се наоѓа на добра позиција во борбата за пласман еден ранг погоре.