Голманот Александар Стојаноски, кој во тимот на Струга мина две години, во новата сезона ќе има нов предизвик.
Тој нема да ја продолжи соработката со суперлигашот, а на негова адреса веќе стигнаа понуди од Прилеп, Младост Богданци и струмички Астраион.
Чуварот на мрежата има и две понуди од странство, па наскоро ќе биде познато каде ќе ја продолжи кариерата.
Стојаноски порано ги бранеше головите на Борец, Младост Богданци и Струмица, пред да се замине во Охрид, а потоа и во Струга.