Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов после подолго време одново се појави на прес-конференција, а ова e веројатно најава и за негов настап на овој меч.
Се очекува да добие минутажа и да се најде на теренот со оглед на тоа што на претходните дуели беше само во тимот, а не играше.
„Имавме два тешки меча во Лигата на шампионите и два тешки порази. Имаме доста проблеми со повредени играчи и не чека нов тежок дуел. Уште не се знае кој ќе игра, но наше е да излеземе на терен, да се бориме и да се обидеме да дојдеме до победа“, изјави Стоилов на прес-конференцијата за дуелот против Мешков Брест в недела од 17 часот.
Ова е средба од 6. коло, а очекувањата се Вардар да дојде до 4. победа сезонава во Лигата на шампионите.