Стоилов: Вардар може и мора да се издигне од оваа ситуација

Ракометарите на Вардар врзаа три порази по ред во Лигата на шампионите откако не успеа да одигра две добри полувремиња против Кил и во вториот дел ја загуби предноста, па финишираше со резултат од 26:29.

Капитенот Стојанче Стоилов вели дека тимот може да се издигне од оваа ситуација на следните натпревари и да ја прекине низата од три порази.

„Честитки за Кил. Тие победија и покрај тоа што им недостигаа неколку играчи. Кил со години игра со исти играчи, тие одлично се познаваат за разлика од нас каде што имаме нов тренер и многу нови играчи. Имаме три порази во низа, но верувам дека може да се издигнеме од оваа ситуација и не само што можеме туку и мораме, а победите ќе ги бараме во следните натпревари“, вели Стоилов.

Следен предизвик за вардарци ќе биде гостувањето кај унгарскиот првак ПИК Сегед на 17 ноември.