Српски судии за Вардар и Алборг

Тимот на Вардар го очекува третиот натпревар во Лигата на шампионите, а ривал ќе биде европскиот вицепрвак Алборг.

Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за овој дуел, а тоа се Србите Душан Стојковиќ и Ненад Николиќ. Делегат на натпреварот ќе биде Томо Водопивец од Словенија.

Натпреварот меѓу Вардар и Алборг се игра утревечер во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:45 часот.

Данскиот клуб во Скопје доаѓа без најголемата ѕвезда Арон Палмарсон, кој поради повреда нема да игра.