Спартак со супер финиш за три бода против Стружанка

Ракометарките на Спартак се враќаат со три бода од гостувањето во Струга каде што во финишот од натпреварот успеаја да дојдат до победа од 25:24.

Стружанки успеаја да го добијат првото полувреме, а според тоа како течеше средбата се чинеше дека нема да има никаков проблем за да може да се дојде до бодови.

Од почеток домашните имаа плус три (5:2), но на средината дојде до израмнува од 7:7. На ова следеше серија од 4:0 за составот на Стружанка, но пред заминување на одмор гостинките успеаја да намалат така што стружанки имаа 12:10 на паузата.

Вториот дел донесе главно израмнета игра при што најголемата предност беше од два гола. Домашните имаа 19:17, но брзо беше 20:22. Откако се дојде до израмнување на 22:22, а потоа и на 23:23 следуваа неколку брзи погодоци. Практично во последните 2-3 минути имаше неколку брзи голови, па на крајот беше 24:25. Гостинките беа поснаодливи во брзата завршница така што се враќаат за Скопје со три бода од ова тешко гостување.

СТРУЖАНКА – СПАРТАК              24:25 (12:10)

Сала: „Нико Нестор“ во Струга. Судии: Иван Илиевски од Битола и Александар Шуковски од Ресен. Делегат: Дане Ѓоргиевски од Ресен.

СТРУГАЖНА: Митоска, Ѓокеска, Ѓерѓеска, Јовичинац 5, Голабоска 2, Калајџиевска, Дукоска 2, Переска, Б. Затуроска 1, И. Затуроска 2, Ѓоршулеска, Јусуфи, Далипоска, Петреска, Делиоска 12

Седмерци: 8/8, Исклучувања: 4 мин.

СПАРТАК: Самарџиоска, Станчева, Коларовска 6, Божиновска 1, Цветковска, Драговиќ 1, Василева 7, Трајановска, Велигденова 2, Ѓошевска 1, Ивона Кимовска 1, Ива Кимовска 4, Петковска, Гроздановска 4, Бочваровска.

Седмерци: 5/5, Исклучувања: 4 мин.

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080