СП 2021 Група Ц: Сите се во игра за пласман во главната фаза

Во групата Ц на Светското првенство се очекува голема борба за пласман во главната фаза и сите репрезентации имаат причини да се надеваат на тоа. Хрватска без дилеми е првиот фаворит во оваа група со своите квалитети и искуство, но во ниту еден случај нема да биде лесно како што можеби сите мислат. Останатите три селекции Катар, Ангола и Јапонија се многу мотивирани и ќе ја чекаат својата шанса.

Селекторот Лино Червар може да се покаже како главна предност на Хрватска, првенството во Египет ќе биде осмо светско првенство за 70 годишниот тренер. Червар се согласи да ја води репрезентацијата до завршување на Олимпијaдата под услов неговиот тим да се квалификува. Ова ќе биде 6. Светско првенство на Лино Червар како селектор на Хрватска, а неговото тактичко и ракометно знаење беше клучно во 2003 година кога Хрватска стана светски шампион. Исто така и во 2005 и 2009 година кога „Каубоите“ го освоија сребрениот медал. Червар ја предводеше Хрватска и до златен медал на Олимписките игри, а освои сребрени медали на Европските првенства во 2008, 2010 и 2020 година.

Во репрезентацијата се враќаат Иван Чупиќ и Мануел Штрлек и повторно тимот на Червар изгледа подготвен за највисоки дострели. Пласманот во главната рунда не би требало да биде проблем со оглед на тоа што противниците од групата им се добро познати. Хрватска двапати на претходните првенства ја победи Јапонија, 34:25 во Тунис во 2005 година и 35:27 на првенството во Германија и Данска во 2019. Приказната со Катар е поинаква бидејќи азискиот претставник ја победи Хрватска на Олимписките игри во 2016 година, но сега вицешампионот ќе има шанса да се одмазди на 17 јануари кога се игра нивниот дуел.

Катар е втор фаворит во групата, па би требало да обезбеди главна фаза и покрај тоа што на претходните две светски првенства не ги оправда очекувањата после сребрениот медал на домашното првенство во 2015 година. На првенството во Франција се пласираше на 8. место, додека на Мундијалот во Данска и Германија во 2019 година заврши на 13. позиција. Катар пристигнува со голема самодоверба на првенството знаејќи дека во минатото има триумф против Хрватска и голем успех против Јапонија која ја совладаа на последниот азиски шампионат во 2020 година со 36:28. Катар сè уште ја бара својата прва победа против Ангола, а на минатото Светско првенство африканската репрезентација победи со 24:23 и го елиминираше Катар од Мундијалот. Сепак, Катар е фаворит, играчите веќе имаат доста искуство под водство на Валеро Ривера.

Главниот натпревар на првенството за Ангола и Јапонија ќе биде нивниот меѓусебен дуел кој се игра последен од групната фаза на 19 јануари. Досега ниту една репрезентација од овие две се нема пласирано во втора фаза на едно првенство и најверојатно нивниот дуел ќе биде одлучувачки која репрезентација ќе го оствари најдобриот успех со пласман во главната фаза. Ова ќе биде трето последователно првенство како ќе играат меѓусебе. Јапонија победи на СП 2017 во Франција со 37:26, но Ангола се реваншираше две години подоцна кога во меч за 23. место победи со 32:29. Притисокот сигурно ќе биде врз Јапонија која очекува подобри изданија во пресрет на Олимписките игри летово на кои се домаќини и на кои имаат обезбедено учество како организатори.

Хрватска секогаш на сите големи натпреварувања е кандидат за висок пласман. Досега Хрватите имаат 13 учества на Мундијалите и тоа речиси на сите со одличен успех. Светски шампиони станаа во 2003 година, а имаат и три сребрени медали и еден бронзен медал. Исто така еднаш беа четвртти и по двапати завршуваа на 5. и 6. позиција. Клучни играчи во тимот се незаменливиот Домагој Дувњак и Лука Циндриќ кои се очекува да ја водат репрезентацијата до нов успех.

ХРВАТСКА

#ИграчЕкипаПозицијаИсклучувањеВисинаГоловиНатпревариТежина
1croМарин Шегоголман019804100
13croЗлатко Хорватдесно крило1179 cm17687 kg
13croЈосип Шарацлев бек520125103
18croИгор Карачиќцентрален бек01986387
26croМануел Штрлеклево крило118211686
28croЈанко Кевиќцентрален бек01881388
31croЛука Шебетиќдесен бек019866105
34croИлија Брозовиќпивот219635115

Ангола на ова светско првенство ќе настапи со поголеми амбиции и јасна цел да се подобри пласманот од претходните две првенства кога завршија на 23. и 24. место. Ангола скоро два месеци е на подготовки за Мундијалот и ова ќе биде нивно петто учество. Најдобар пласман забележаа на првиот настап во 2005 година кога завршија на 20. позиција. Пласман во Египет африканската репрезентција обезбеди со освојување на 4. место на континенталното првенство во 2020 година. Клучни играчи во тимот се Џовани Маучисенге (голман) и Роме Хебо (среден бек).

АНГОЛА

#ИграчЕкипаПозицијаИсклучувањеВисинаГоловиНатпревариТежина
2angАгнело Китонгопивот11880287
3angЈарослав Агиларпивот41909692
4angГабриел Текапивот119213689
5angРоме Хебоцентрален бек119214687
7angКлаудио Лопесцентрален бек117713670
8angОтиниел Паскваллево крило017213665
9angАдилсон Манекодесно крило217411675
10angМануел Насиментоцентрален бек318314672
11angАгостињо Лопесдесно крило01766472
12angАриел Да Силваголман01820090
13angМарио Татилев бек01909685
14angКлаудио Чиколалево крило219011676
15angМајомона Панзодесно крило21783682
16angЏовани Муачисенгеголман01880689
17angЕдгар Абреудесен бек11881493
18angМануел Домингосдесен бек01850075
19angРубен Хозелев бек01870081
20angКустодио Гоувеиаголман019106105
21angАделино Пестанадесен бек11878282
22angАнтонио Елиасдесен бек417710686
33angФелиз Самасолопивот018900109
79angЕдвалдо Фереиралев бек520024689
99angДеклерк Сиболев бек01920087
113angФелисијано Кувеиродесен бек01920087

Јапонија е уште една селекција која на првенството во Египет очекува подобрување на пласманот од претходното. Под водство на Исланѓанецот, Дагур Сигурдсон сигурно Јапонците напредуваат, но треба тоа да го докажат и на терен. Ова ќе биде 15. нивни настап на Мундијалите кој го обезбедија со освојување на третото место на азиското првенство. Најдобар успех им е 10. место во далечната 1970 година. Клучни играчи во тимот се Реми Анри Дои (лево крило) и Јуто Агари (среден бек).

ЈАПОНИЈА

#ИграчЕкипаПозицијаИсклучувањеВисинаГоловиНатпревариТежина
2jpnМацура Кеисукедесен бек01820085
3jpnШибајама Јукихиродесно крило01770079
5jpnСакаи Шоичиропивот018800105
6jpnИнаге Рјутодесен бек01820094
10jpnСугиока Наокилево крило01772181
12jpnИвашита Јутаголман01830585
13jpnКасахара Кенјапивот319746109
14jpnКитазуме Асумицентрален бек01840686
15jpnБаиг Адам Јукилев бек01940094
16jpnКаи Акихитоголман01840097
17jpnЈошида Јукилево крило01860084
18jpnНарита Кохеилев бек21998699
19jpnТокуда Шиносукедесен бек01783580
20jpnВатанабе Јиндесен бек018321693
21jpnДои Реми Анрилево крило118015580
22jpnСакаи Мотокиголман01920489
23jpnХашимото Акиопивот018500103
24jpnШида Хирокицентрален бек01900090
25jpnМотоки Хирокидесно крило018221588
26jpnКубо Јукиголман01860083
27jpnТамакава Хиројашипивот020046106
28jpnКавашима Јутаролев бек01830082
29jpnОкамото Рјусеипивот019200100
31jpnЈошино Тацукилев бек118331688
33jpnАгарие Јутоцентрален бек118326685
36jpnДемура Наоцугудесно крило11782378
38jpnМизумаки Котароцентрален бек218310690
39jpnНакамура Такумиголман01900386
40jpnТакано Сотапивот51931697
41jpnТокуда Реносукедесен бек018010682
42jpnОзава Мотокилев бек01870087
43jpnЈошида Шуичипивот0191105100
47jpnТакамори Шотадесно крило01790079
48jpnЈамада Шинјапивот01900097
49jpnКошио Гокилево крило01830080

Катар со многу натурализирани репрезентацивци секогаш е опасен противник, а тоа е особено нагласено бидејќи на клупата е многу квалитетниот Валеро Ривера. Најголем успех на репрезентацијата на Катар е 2. место во 2015 година од вкупно седум учества досега. Клучен играч во тимот е ветеранот на голот, Даниел Шариќ.

КАТАР

#ИграчЕкипаПозицијаИсклучувањеВисинаГоловиНатпревариТежина
1qatАли Гарбаголман01830091
1qatМухамед Сусиголман01840180
2qatМустафа Алкраддесен бек11831697
4qatХасан Мабрукпивот319405129
7qatАхмад Мададилево крило017525676
9qatРафаел Капотелев бек1200152109
10qatФранкис Марцодесен бек419153699
12qatДаниел Шариќголман01910590
13qatМохамед Абидиголман019006101
17qatШади Хамдунцентрален бек01830092
18qatФирас Хајебпивот019400105
19qatМарван Сасидесно крило21838682
20qatЈово Дамјановиќпивот019904118
21qatМутасем Амохамедлево крило01850083
22qatАхмед Абделрхемголман01910092
23qatАлаедин Берахеддесно крило318616683
24qatВајди Синенцентрален бек019300104
25qatКамал Ал Дин Малашцентрален бек01850092
27qatНидхал Аисадесно крило01880083
31qatЕлдар Мемишевиќдесен бек01780086
32qatАли Алдерилево крило01860278
33qatХусем Романцентрален бек01853586
35qatЗинеон Буменџелдесен бек01930098
37qatЈасине Самипивот2191106100
38qatХамад Мададипивот01800084
41qatЈусеф Алипивот1193114103
44qatАмине Гуехисдесен бек01030496
66qatОмар Абделфатахдесно крило01780386
76qatМирза Капиќдесно крило01740087
81qatАмор Џијаблево крило01752680
86qatМахмуд Хасабалацентрален бек11918682
88qatМустафа Хејбацентрален бек01840088
92qatАнис Зоауидесен бек01840081
93qatХамди Аједлево крило01880083
94qatАмен Закардесен бек5198106104