Со Норвешка ќе игра на Олимпијада, со Ѓер си обезбеди нов договор

Пивотот на репрезентацијата на Норвешка, Кари Братсет Дејл иако веќе има 30 години доби одлична понуда од тимот на Ѓер и ќе остане во екипата и во следните три години.

Норвежанката која се најде во составот на репрезентацијата за Олимписките игри во Токио потпиша нов договор до летото во 2024 година со што си обезбеди одлична можност за играње на врвно ниво и во следните три години.

„Се чувствувам многу добро во екипата. Амбиентот е навистина фантастичен и професионален. Не размислував дали да го обновам договорот или не. Среќна сум то сум дел од екипата на Ѓер и затоа брзо донесов одлука. Сигурна сум дека ќе продолжиме да се бориме за највисоките позиции во сите натпреварувања“, вели Кари Братсет.

Таа е дел од тимот на Ѓер од летото во 2018 година и досега има одиграно 128 натпревари за екипата и постигнато 434 погодоци.